X
 09.03.2018 Живот

Вработените мајки работат 98 часа без слободен викенд


Мајка и дете
(Фото: Pixabay)


Еве ја пресметката на списанието „Форбс“ за работните часови на една просечна мајка:

– 13,2 часа поминува извршувајќи исти активности како воспитувачите во градинка;
– 3,9 часа поминува како генерален директор на домаќинството;
– 14,1 часа е шеф на кујна:
– 7,6 часа е психолог;
– 9,5 часа е оператор на компјутер;
– 7,8 часа е семеен возач;
– 22 часа е домашна помошничка, а од тоа 6,6 часа поминува грижејќи се за долната облека на семејството.

Вкупно тоа се 85,9 часа работно време во текот на една недела.

Истражувањето е спроведено во САД, но ситуацијата насекаде е иста. Просечниот вработен Американец поминува од 40 до 50 часа неделно на работното место или занимавајќи се со нешто поврзано со работата, за разлика од една вработена мајка чиј работен ден, всушност, никогаш и не завршува.

Штом се врати од работа, мајката оди да ги земе децата од градинка, од училиште или од кај бабите и дедовците. Потоа ги води на воншколски активности, во меѓувреме трча во продавница да набави нешто за вечера, подготвува вечера, им помага на децата околу домашните задачи, потоа им помага да се подготват за легнување, ги мие чиниите, па ги бакнува децата за добра ноќ.

Мајките што се вработени редовно одат и во набавки, жонглираат со распоредот, организираат различни активности, прават стратегии, се обидуваат да делегираат, готват, чистат и да го водат домаќинството. Во просек се будат околу 6:30 часот и не застануваат до 20:30. Тоа се околу 98 работни часа без слободен викенд.

И како тоа да не е доволно, истражувањето покажува дека просечната вработена мајка има околу час и седум минути време за себе, секој ден, што значи околу 7 часа и 49 минути неделно. Е, па мајки, ослободете ги вашите солзи. Вистината не е лесна.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот