X
 12.03.2018 Култура

Во Малезија е откриен нов јазик, досега непознат на човештвото


Печатарски букви
(Фото: Pixabay)


Во мало село покрај реката Пергау во Сунгаи Руал, лингвистите пронашле луѓе кои говорат на досега целосно непознат јазик.

Јазикот се нарекува једек и го зборуваат околу 280 лица.

За ова племе би можело да се каже дека во некои работи и погледи кон животот е многу понапредно од останатите култури.

Во оваа заедница владее поголема рамноправност меѓу половите отколку во западните општества. Тие не одобруваат насилство ниту ривалитет меѓу децата.

Токму ваквиот начин на живот се одразува и во нивниот јазик каде не постојат зборови кои означуваат поими за поседување, како на пример: купува, продава, позајмува или краде. Затоа пак, имаат мноштво поими кои означуваат размена, споделување и соработка.

Лингвистите Никлас Буренхулт и Жоана Јегер од Универзитетот „Лунд“ од Шведска го откриле овој јазик додека го проучувале јазикот јахаи на истото подрачје. Истражувачите одамна го откриле ова племе и неговите членови не се целосно изолирани од надворешниот свет. Иако многу луѓе и научници досега ги посетиле и ги проучувале, никој не забележал дека зборуваат на досега непознат јазик.

„Сфативме дека поголемиот број луѓе во селото зборуваат на поинаков јазик од другите. Користеа фонеми, зборови и граматички структури кои не постоеја во јазикот јахаи.“

Како што глобализацијата зема сè поголем замав, непознатите јазици забрзано изумираат. Моментално во светот се зборуваат над 6000 јазици, а од нив 40% би можеле да исчезнат.

Според мислењето на научниците, во следните 100 години најверојатно е дека повеќе од половината нема да постојат.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура