X
 13.03.2018 Култура

Огромен интересот за „Инкубатор“

Огромен интерес за новата програма за култура „Инкубатор“ покажаа младите креативци. Во неделата 40-ина кандидати за некоја од трите програми (современ танц, музика и визуелни уметности) го освоја просторот на „Интерарт“ во ТЦ „Зебра“.

Фото: Влатко Перковски

- Радува фактот што многу млади одговорија на нашиот повик за учество на првата фаза на програмата „Инкубатор“. Среќни сме што дојдоа многу млади креативни и полетни луѓе, сите расположени за создавање – рече Рисима Рисимкин, директор на „Интерарт“ и иницијатор на проектот што се работи со поддршка на швајцарската амбасада во земјава.


На 25 март ќе почнат првите часови и со работилниците со избраните учесници, кои се од повеќе градови од земјава. Работилниците ќе ги водат: Рисима Рисимкин, за танц, Тони Китановски, за музика, Жарко Башески и Симонида Филипова, за визуелни уметности.

Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Култура