X
 13.03.2018

„Плогинг“ - новиот тренд од Шведска што оваа година ќе го освои светот

трчање

Сакате да трчате? Сакате екологија? Ако и двата одговори на прашањата се позитивни, тогаш „плогинг“ е поим што со радост ќе го прифатите. Имено, тој вклучува трчање и чистење истовремено. На тој начин, додека трчате вие го чистите ѓубрето и на тој начин го правите светот поубаво место за сите нас.

Овој концепт на „трчање и чистење“ настанал во Шведска, а основната идеја додека трчате, е да ја чувате околината со собирање на ѓубре.

Трендот започнал пред две години, а Швеѓаните за брзо време го подигнале на повисоко ниво со основање на плогинг клубови низ целата земја. Набрзо активноста се проширила благодарение на кампањата што повикува на чистење на океаните. Трендот започнал да го применува и австралискиот актер Крис Хемсворт, кој веил помош во чистење на 100 светски острови.

Доколку сакате да трчате, заборавете на џогингот и наместо него изберете го плогингот. Во странските земји оваа активност стана популарна, особено во Велика Британија, но и во Франција, па така во Париз постои заедница наречена „Плогинг Франција“. Индија, Малезија, Турција и уште некои земји исто така се приклучија на овој тренд.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk