X
 13.03.2018 Живот

Таму повеќе нема живот: Овие се најпознатите градови-духови во светот


Овие некогаш населени места се испразниле како резултат на вулкански ерупции, поплави, пожари, воени судири, нуклеарни катастрофи, но и економски (не)прилики. Денес таму постојат само напуштени и обраснати згради, како страшен потсетник дека таму некогаш имало живот.

1.    Припјат, Украина

Во овој украински град живееле вработените во нуклеарната електрана Чернобил, а до 1986 година кога се случи нуклеарната катастрофа, таму живееле околу 50.000 луѓе. Иако радијацијата на ова место сè уште е десет пати повисока од максимално дозволената, постои огромен интерес да се посети овој град. Сè поголем број туристи сакаат што подлабоко да навлезат во Забранетата зона, која се протега во радиус од 30 километри од некогашната нуклеарна електрана. Овој потенцијал го препознале и локалните туристички агенции, кои илегално организираат посети на ова место.


Припјат, Украина
                                                                (Фото: Thinkstock)


2.    Островот Хашима, Јапонија

Гуканџима, односно Хашима, е едно од 550-те ненаселени острови во префектурата Нагасаки. Островот бил населен од 1887 година па сè до 1974 година, затоа што таму се ископувал јаглен. Откако нафтата го заменила јагленот како енергенс, бројот на жители почнал да опаѓа. Рудниците биле затворени во 1974 година, а оттогаш островот е напуштен. Влезот во градот и натаму е забранет, а до островот може да се стигне со брод.


Островот Хашима, Јапонија
                                                            (Фото: Thinkstock)


3.    Чаитен, Чиле

Ерупцијата на истоимениот вулкан, што се „разбудил“ за првпат во 9.000 години, во 2008-та го прекри градот со пепел. Потоа следеле големи поплави, кои ги натерале жителите да заминат. Водата целосно ја уништила населбата, а чилеанската влада се одлучила да го релоцира населението.


Чаитен, Чиле
                                                              (Фото: Thinkstock)


4.    Каракој, Турција

На југозапад во Турција денес се наоѓа местото кое некогаш се нарекувало Ливиси, а таму живеело грчко население. Денес селото е познато под името Каракој, или во превод „селото на камењата“. Изградено во 18 век, до Првата светска војна селото броело околу дваесетина илјади жители. Со почетокот на воените судири, грчката заедница станала предмет на закани и напади од страна на Турците. По Грчко-турската војна, било договорено преселување на населението, па така еден милион Грци ја напуштиле Турција, а во спротивна насока околу половина милион Турци се исселиле од Грција. Земјотресот во 1957 година го означи дефинитивниот крај на  животот во градот, кој денес целосно е напуштен и допола срушен.


Кајакој, Турција
                                                           (Фото: Thinkstock)


5.    Арлтунга, Австралија

По завршувањето на „златната треска“ нивото на загаденост на воздухот станало неподносливо, па копачите на злато набрзо го напуштиле градот.


Арлтунга, Австралија
                                                     (Фото: Youtube Screenshot)


6.    Колманскоп, Намибија

Во овој град во Намибиската пустина во 1908 година било пронајдено големо количество дијаманти. Тогаш било можно да се најдат дијаманти на самата површина на пустинскиот песок. Доселениците, главно Германци, околу рудникот го изградиле градот Колманскоп, кој имал болница, училиште, театар, казино па дури и сала за балови, како и првиот трамвај во Африка. Кога во 1954-тата било констатирано дека дијаманти повеќе нема, локалните жители го напуштиле градот.


Колманспор, Намибија
                                                           (Фото: Thinkstock)


7.    Орадур Сир Глан, Франција

Ова село било уништено на 10 јуни 1944 година, кога нацистите ги ликвидирале сите 642 жители, вклучително и жените и децата. По војната, на блиска локација било изградено ново село, а со наредба на францускиот претседател Шарл де Гол, изворната населба била зачувана како трајно меморијално место.


Орадур Син Глан, Франција
                                                          (Фото: Thinkstock)


8.    Вароша, Кипар

Прекрасни хотели, одморалиште, волшебни градини, всушност целиот ексклузивен комплекс веќе 36 години е целосно пуст, затрупан со песок и обраснат со трња. Вароша денес е сенишно место, без надеж дека може да воскресне. Турската инвазија на Кипар во 1974 година, ги натерала жителите да побегнат. Турција ѝ одзеде на Грција 40 проценти од територијата на Кипар, поделувајќи го островот на половина. Веднаш по освојувањето Вароша била оградена, а на грчките жители никогаш не им било дозволено да се вратат.


Вароша, Кипар
                                                           (Фото: Thinkstock)
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот