X
 14.03.2018 Култура

Не баш пријатна вест за страсните обожаватели на серијата „Игра на тронови“...


Ликовите од серијата „Игра на тронови“
(Фото: Wikipedia)



Тоа го откри Франческа Орси, претседателката на драмската програма на „Ејч-би-о“.

Актерската екипа на моментално најпопуларната серија на светот – „Игра на тронови“, ги добила новите сценарија за новата, осма и воедно последна сезона, по што, наводно сите биле прилично емотивни, наведува „Вараети“.

„Тоа беше моќен момент во нашите животи и кариери. Никој од актерската екипа досега не го прочитал сценариото за последната сезона, во која еден по еден од ликовите загинуваат“, истакна Орси. Таа додаде дека по заедничкото читање на сценариото сите актери станале простум и ракоплескале дваесетина минути со солзи во очите.

Судејќи по нејзините зборови, последната сезона од „Игра на тронови“ би можела да направи вистински масакр меѓу главните ликови. Гледачите сигурно веќе станале имуни на стилот на Џорџ Р.Р. Мартин, кој во своите романи е прилично склон кон ладнокрвно убивање на своите ликови, што серијата го следи во чекор. Но, по осум сезони, фановите сигурно ќе жалат по некои од нив.

Орси ги објави новините на панелот „Бест оф ’Ејч-би-о‘“ на ИНТВ-конференцијата која се одржала минатите два дена во Ерусалим. Таа кратко се осврнала на веќе најавените „спин-офи“ за „Игра на троновите“ изјавувајќи дека се подготвени да вложат сериозни износи на средства, и конкретно, на нив планирааат да издвојат поголем буџет од оној кој го вложиле во првите неколку сезони од серијата. Последната, осма сезона се најавува за следната година.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура