X
 16.03.2018 Култура

Филмови со најголема месечна заработувачка во историјата


Сцена од филмот „Брзи и фуриозни“
(Фото: Youtube screenshot)


Филмот „Црниот пантер“ (Black panther) од режисерот Рајан Куглер, влезе во историјата на оваа индустрија како едно од остварувањата кои однеле најголема заработка. Минатиот викенд, овој филм оствари заработка од дури една милијарда долари ширум светот.

Овој историски резултат, филмот „Црниот пантер“ го постигна за помалку од еден месец, нешто со што можат да се пофалат само уште 12 филмови.

Листата од 13-те филмови кои за помалку од еден месец успеаја да остварат заработка од милијарда долари, изгледа вака:

13. „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast) – 29 дена, заработка од 1.263.521.126 долари




12. „Капетан Америка: Граѓанска војна“ (Captain America: Civil war) – 24 дена, 1.153.304.495 долари




11. „Црниот пантер“ (Black Panther) – 24 дена, 1.079.891.584 долари




10. „Одмаздници: Ерата на Алтрон“ (Avengers: Age of Ultron) – 24 дена, 1.405.403.694 долари




9. „Железниот човек“ (Iron Man) – 22 дена, 1.214.811.252 долари




8. „Одмаздници“ (Avengers) – 19 дена, 1.518.812.988 долари




7. „Хари Потер и Реликвиите на смртта, втор дел“ (Harry Potter and The Deathly Hallows) – 19 дена, 1.341.511.219 долари




6. „Аватар“ (Avatar) – 19 дена, 2.787.965.087 долари




5. „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ (Star wars: The last Jedi) – 19 дена, 1.331.699.278 долари




4. „Брзи и фуриозни 8“ (The Fast and the Furious 8) – 19 дена, 1.236.005.118 долари




3. „Брзи и фуриозни 7“ (The Fast and the Furious) – 17 дена, 1.516.045.911 долари




2. „Светот во добата на Јурата“ (Jurassic world) – 13 дена, 1.671.713.208 долари




1. „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (Star wars: The Force awakens) – 13 дена, 2.068.223.624 долари.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура