X
 16.03.2018 Наука

Решена најголемата дилема во историјата: Што било создадено прво - јајцето или кокошката?

јајце

Што било прво, кокошката или јајцето? Ова прашање е едно од најчестите прашања во историјата на човештвото, а луѓето често го избираат одговорот „јајцето“ со аргументот дека на тој начин диносаурусите се појавиле во светот.

Но научниците од Универзитетот Шефилд и Универзитетот Ворвик имаат различен одговор. Нивното истражување покажало како лушпата од јајцето на кокошката може да се создаде само од протеинот што се создава во коските на кокошката, што значи дека кокошката морала да постои пред јајцето.

Протеинот се вика ОС-17 и делува како катализатор што го забрзува развојот на лушпите, а тврдата лушпа е потребна за заштита на жолчката во која се развива пилето. Научниците го користеле супер-компјутерот „Хектор“ за да можат да зумираат во внатрешноста на јајцето и да го набљудуваат неговиот развој.

Тие откриле дека протеинот ОС-17 е клучен за поттикнување кристализација во раниот стадиум на развивање на лушпата со претворање на калциум карбонат во кристали што формираат калцит.

Кристалниот калцит може да се најде во коските на разни животни, но кокошките го создаваат побрзо од било кој друг.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука