X
 18.03.2018 Наука

Создавањето нови вени може да им го олесни животот на луѓето на дијализа

Патувањето кое ги чека патниците кои имаат потреба од трансплантација на бубрег често е долго и болно. Нова направа, која им помага на пациентите да создадат нови вени кои го олеснуваат филтрирањето на крвта, може да им значи сѐ на оние кои мораат да ја издржуваат процедурата на секои неколку дена со месеци или со години.


Фото: Pixabay

Како што бубрезите откажуваат, тие престануваат да ја чистат крвта од нечистотиите кои телото вообичаено ги исфрла преку урината. Иако бубрежното заболување може некогаш да има малку симптоми, тоа може да биде фатално, освен ако лекарите не интервенираат и ја извршат работата на бубрегот надвор од телото, преку процесот познат како дијализа. За време на дијализата, на пациентите им се вади крвта, им се прочистува и се враќа назад. Тоа се прави редовно. Досадната процедура ги одржува во живот додека чекаат трансплантација, но има сериозни несакани ефекти, вклучително и оштетување на вените.

Оние кои подолго време одат на дијализа имаат пластична цевка вградена во нивната рака за да го олеснат отстранувањето и инјектирањето на крв, бидејќи човечките вени се премногу кревки за да ја издржат процедурата секоја недела подолго време. Малите пластични цевки имаат за цел да ги заштитат вените, истовремено правејќи го полесно вадењето на крвта.

- Меѓутоа, кога ќе оставите пластични импланти во телото, тие имаат тенденција лесно да се затвораат (блокираат) - објаснува Силвере Луккин, извршен директор на компанијата „Адитлис“.

Истражувањето на неговата компанија покажува дека овие блокади се случуваат кај 50 отсто од пациентите во првата година од терапијата. Поради оваа причина, „Адитлис“ сака да им овозможи на пациентите подобро да се справат со продолжените периоди на дијализа, помагајќи им да создадат крвни садови кои полесно се поврзуваат со машината.

Тие планираат да го сторат тоа со инсталирање на шупливи вештачки импланти во вените на пациентот. Со текот на времето, овој крвен сад базиран на полимери ќе го поддржи растот на новото ткиво кое се обликува околу него. Додека имплантот полека се раствора, новите вени ќе формираат природна врска за цевката за дијализа.

Во споредба со пластичен имплант засекогаш заглавен во раката, природната спојка ги штити пациентите од инфекциите кои се многу чести во овој тип на постапка. „Адитлис“ планира да користи комбинација на напредни медицински технологии. Идејата е сѐ уште во рани фази и има уште многу пред да стаса на пазарот. Сепак, знаејќи дека еден од тројца возрасни Американци се под ризик да добијат бубрежна болест, секое подобрување кое може да им го олесни животот има потенцијал да има големо влијание.Type your content here...
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука