X
 21.03.2018 Живот

Хокинг ќе биде погребан покрај Њутн и Дарвин

Посмртните останки на славниот британски астрофизичар Стивен Хокинг ќе бидат погребани во Вестминстерската опатија во Лондон. Потртпаролот на опатијата истакна дека Хокинг ќе биде погребан покрај уште еден великан од светот на науката - Исак Њутн. Сепак, портпаролот не кажа точно кога, но децата на Хокинг објавија дека погребот на славниот научник ќе биде на 31 март во Кембриџ, каде тој живееше и предаваше повеќе од 50 години.


Фото: Nedeljnik.rs

Во Вестминстерската опатија се погребани кралеви и кралици и познати лица.

-Потполно е соодветно пепелта на професорот Хокинг да се погреба во опатијата, покрај неговите истакнати колеги научници - истакна деканот на опатијата Џон Хол, кој како примери ги наведе Њутн и Чарлс Дарвин.

Погребот во Кембриџ ќе биде одржан во универзитетската црква, а по службата ќе биде организиран приватен прием на колеџот Тринити.

Хокинг, кој е познат по своите дела за универзумот, почина мирно во својот дом во Кембриџ на 14 март на 76-годишна возраст.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот