X
 21.03.2018 Живот

Инженер од Австралија тврди дека го нашол исчезнатиот малезиски авион


Податоци на екран за исчезнатиот малезиски авион
(Фото: Getty images)


Австралискиот инженер Питер Макмехон тврди дека пронашол делови од авионот МХ370 на авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ што исчезна во 2014 година.

Макмехон, кој цели 25 години проучува несреќи од овој вид, со темелно испитување на мапите на НАСА и на „Гугл“ утврдил дека остатоците од малезискиот авион се наоѓаат 16 километри јужно од островот Раунд.

Овој остров се наоѓа во близина на Маврициус, во делот од океанот кој досега не бил истражуван, тврди тој, додавајќи дека резултатите од неговите испитувања ги доставил до Заводот за транспорт и безбедност на Австралија, кој не ја исклучил можноста дека тоа навистина се делови од малезискиот авион, но и дека претходно американската влада им наредила на Австралијците при барањето на остатоците да се држат до својата зона во Индискиот Океан.

„Четири американски истражители се испратени овде за да ги следат резултатите од истрагата. Тие сакаат да бидат сигурни дека сите примени информации ќе бидат скриени од јавноста“, истакнува Макмехон.

Како една од причините зошто се обидуваат да ја скријат вистината, австралискиот инженер го наведува фактот дека останките од авионот се полни со куршуми.

Надлежните од Австралија досега не дале коментар на овие наводи.

Авионот на летот МХ370, кој сообраќал меѓу Куала Лумпур и Пекинг, Кина, на 8 март 2014 г. се изгубил од радарот над Индискиот Океан, заедно со 239 патници и членови на екипажот. Авионот не е пронајден досега.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот