Nova Office, како брзорастечка и иновативна компанија која нуди канцелариски решенија
(
www.novaoffice.mk), ги отвора вратите за прием на практиканти, кои се апсолвенти или дипломирани
студенти на Економскиот Факултет Св.Кирил и Методиј, на кои ќе им се овозможи практична настава
и подготовка за работа на позицијата
SALES ACCOUNT MANAGER
Како иден акаунт менаџер, ќе бидете обучени, а потоа и вклучени во процес на продажба на деловни
корисници, претпријатија, кои имаат потреба од нашите производи и услуги. Работата ќе ја
изведувате во нашите канцеларии, со повремени посети на потенцијални клиенти заради одржување
деловни состаноци.
За подеталани информации посетете ја страната
www.novaoffice.mk
Краток опис на активностите:
- Користење постоечка мрежа од контакти за создавање нови деловни контакти
- Анализа на постоечките клиенти
- Одржување состаноци со потенцијални клиенти
- Креирање и управување со портфолио од акаунти
- Одржување и продлабочување на односите со клиентите
- Достигнување продажни цели
- Справување со сите аспекти на продажна кампања
- Административни активности (деловна коресподенција, извештаи)
Потребни вештини:
- Самодоверба, тактичност и убедливост
- Желба за работа
- Добри комуникациски вештини
- Преговарачки вештини
- Добри организациски вештини
- Професионален однос кон работата, клиентите и членовите на тимот
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Microsoft Office апликации
Период на реализација:
- 2 месеци
За успешно извршената практична работа практикантите ќе добијат:
- Потврда за изведена практична настава,
- Финансиска награда пропорционална со постигнатите резултати
- Можност за вработување во компанијата
Документи за аплицирање:
- CV (со вметната фотографија)
- Мотивационо писмо
Аплицирање:
1. Документите за аплицирање треба да ги доставите по е-пошта, на адреса
tgjorgjiev@fenixnova.mk, не подоцна од 15 дена од денот на објавувањето на ова
известување.
2. Избраните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју во просториите на
Економскиот факултет во термин кој дополнително ќе биде утврден на кој ќе добиете детален
опис на активностите кои ќе Ви бидат доверени како и процедурите кои ќе треба да ги
следите.