X
 23.03.2018 Култура

Кореографија на Рисимкин со словенечката легенда Росна Хрибар вечерва во Љубљана



Соло-претставата „Орландина“ во кореографија на Рисима Рисимкин ќе биде премиерно изведена вечерва во Танцовиот театар на Љубљана. Главната улога ја толкува една од најдобрите словенечки современи танчерки, Росана Хрибар.
„Орландина“ е претстава посветена токму на Хрибар и времето. Инспирирана од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф, претставата е интимна приказна на танчер, раскажана преку видогледот на три силни жени од различни културни, политички и временски периоди: Вирџинија Вулф, Рисима Рисимкин и Росана Хрибар.
Росна Хрибар е една од најзначајните и најпознати танчерки на словенечката современа танцова сцена од 1970 години наваму. Се школува на Танцовата академија во Љубљана, магистрира со „Уметноста на движењата“ на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана. Во изминатите две декади соработува како танчер и короеграф со скоро сите значајни словенечки кореографи, театарски режисери и различни современи танцови ансамбли, во Словенија и во странство. Добитник е на „Трдиновата награда“ на градот Ново Место за значјани достигнувања во областа нa современиот танц во 2008 година, како и на „Жупанчич наградата“, највисокото уметничко признание на Градот Љубљана во 2001 година и на највисокото национално признание за врвни уметнички дострели, државната награда „Прешернова награда“ во 2015 година.


Во последните години Росана работи на исклучително значајни танцови серии, дуети со транс-гендер предзнак, кои и донесоа награди на многу значајни интернационални танцови натпревари, како и на домашната (словенечка) танцова платформа „Гибаница“. Росана Хрибар е трикратен добитник на наградата „River Man“ за најдобра претстава/изведба на годината, како и награда за танцовиот филмот „10 години“, кој, покрај другото, е добитник и на „Награда на градот Виена за најдобар карток филм“ на фестивалот на Словенечки филм. Короеграфката Рисимкин доби покана за оваа соработка, лично од Росана Хрибар, која минатата година ја виде нејзината короеграфија „Котел“ со Скопје танцовиот театар и „Р:Е.М. - Низа од соништа“ со кинеската современа танцова компанија „Nine Dance Theater“ од Пекинг.
На претставата работи и композиторот Тони Китановски, кој направи нова, оригинална музика за претставата, како и извонредниот Алан Хранителј, костимограф со светска кариера, кој меѓу другото работел и за „Curque du Soleil“.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура