X
 24.03.2018 Препорачани огласи

УКИМ објавува оглас за работа на проект


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува 

О Г Л А С
за работа на проект ЕРАЗМУС+ во област на меѓународна соработка и академска размена со ЕУ универзитети 

Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
- завршено високо образование, Филолошки факултет, група англиски јазик со или без завршен втор циклус на студии и познавање на втор светски јазик;
- работно искуство од најмалку 3 години, работа на меѓународни проекти или искуство во меѓународна соработка со владини и невладини организации;
- способност за кореспонденција и комуникација со институции во земјата и странство.

Потребно е да се достават следниве документи:
- Кратка биографија со фотографија (Europass)
- копија од диплома и уверение за положени испити;
- потврда за работно искуство со препорака;

Ангажирањето е за определен временски период со полно работно време понеделник-петок од 08-16 часот.

Заинтересираните кандидати потребните документи да ги достават на: е-mail: ukim.erasmus@ukim.edu.mk 30 април 2018.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ке бидат повикани на интервју. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Активен до:    15.04.2018

Издвојуваме

Препорачани огласи