X
 26.03.2018 Култура

Победниците на фотонатпреварот „Сони“ 2018

soni
Фото: Worldphoto.org

Оваа година натпреварот „Сони ворлд фотографи“ ја слави 11-годишнината. Ова е еден од најпочитуваните и највлијателните натпревари за фотографии. Секоја година натпреварот ги собира најдобрите фотографии од целиот свет, така што оваа година не е исклучок.

На натпреварот учествувале 319.561 фотографија, а постојат четири различни категории: професионална, отворена, младост и студентски фокус. Една фотографија од секоја земја-учесник добива Национална награда.

Победниците ќе добијат најнова опрема за фотографирање од „Сони“, а фотографот на годината ќе добие 25.000 долари, додека победникот во категоријата „отворен фотограф на годината“ ќе добие 5.000 долари.

Во продолжение се најдобрите фотографии што дефинитивно ќе ви го одземат здивот.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура