X
 27.03.2018 Наука

Кинеската вселенска станица ќе падне в четврток, но ние не сме меѓу загрозените територии


Вселенско летало
(Фото: Thinkstock)


Кинеската вселенска станица „Тијангонг-1“, која неконтролирано паѓа од Земјината орбита, во следните неколку дена ќе се распадне во атмосферата и ќе се претвори во куп од вселенско ѓубре, со делови кои потенцијално можат да паднат на копно или во населени подрачја.

Најновите прогнози за конечната судбина на вселенската станица овие денови ги објави непрофитната организација „Аероспејс“.

Оттаму предвидуваат дека станицата ќе влезе во атмосферата на 1 април, со отстапување од 3 дена, што значи дека најрано би можела да падне в четврток, 29 март.

Огромната топлина и притисокот што ќе се создадат при влегувањето во атмосферата ќе го разрушат леталото тешко 9 тони, но исто така има можност некои делови од леталото да го „преживеат“ преминот и да паднат на земјата.

Инженерот Бил Ејлор за „Бизнис инсајдер“ објасни дека тоа е можно затоа што станицата е дизајнирана така што да има заштитни слоеви, како лак.

На тој начин истражителите успеале да дојдат до правилна пресметка по несреќата на шатлот „Колумбија“ во 2003 година.

Зошто е тешко да се погоди каде ќе падне вселенската станица?


„Тијангонг-1“ полета во вселената во 2011 година. Станува збор за лабораторија со должина од 10 метри која успешно ги заврши своите мисии, а во кинеските планови за испитување на развојот на модуларни станици и сопствените станици веќе е наследена од станицата „Тијангонг-2“.

Но, Кина во 2016 година ја изгуби контролата над леталото, кое почна да ја губи висината.

Брзината, насоката, висината на леталото, но и соларната активност претставуваат фактори врз кои се врши прогнозирање, па подеталните податоци се очекува да бидат достапни во наредните неколку дена.

Предвидувањето на паѓањето на леталото вклучува и несигурност, како разликата во густината на воздухот во горните слоеви од атмосферата (врз што влијае и соларната активност), непознатите варијабли во врска со ориентацијата на леталото, како и точната локација и брзината.

Деловите од станицата што би можеле да „преживеат“ можат да паднат во зони широки неколку стотици километри, кои се наоѓаат на рабовите на подрачјата над кои летала станицата. Тие на фотографијата се означени со жолта боја:




Во најлошото сценарио, а тоа е опцијата дека дел од станицата ќе погоди некого во жолтата зона, изгледите се милион пати помали од шансите за добивка на лото. Имено, во историјата на вселенски летови никој не бил повреден при удар од некаков вселенски отпад што испаднал од орбитата.

Постојат големи шанси „Тијангонг-1“ да падне над океан, кој покрива 71 процент од површината на нашата планета.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука