X
 31.03.2018 Наука

Кои се најпаметните животни во светот и како го знаеме тоа?

Ниту еден друг член на животинското царство не може да решава тест по алгебра или да напише есеј, но тоа не значи дека другите видови животни не се високо-интелигентни. Неколку членови на животинското царство имаат импресивни церебрални способности.

1. Шимпанза


Фото: Pixabay

Шимпанзата се наши најблиски роднини. Со нив споделуваме речиси 99 проценти од нашата ДНК. По се изгледа тие делат и дел од нашата мозочна моќ. Во една студија објавена во 2007 година, истражувачите им дадоа на возрасни шимпанза, шимпанза адолесценти и студенти на колеџ ист когнитивен тест. Тестот вклучуваше помнење каде на екран на добир биле лоцирани броеви од еден до девет.

Шимпанзата и луѓето ги гледаа броевите на нивните места помалку од една секунда. Потоа беа замолени да се сетат каде биле тие броеви и да им покажат на истражувачите. Возрасните примати и луѓето го кажале истото. Но шимпанзата адолесценти растурија. Се сеќаваа на локацијата на секој број со многу подобра точност. Истражувачите сметаат дека тие користат вид фотографска меморија, која им овозможува на поединците да се потсетат на слики со исклучително голема точност.

2. Кози


Фото: Pixabay

Научниците веќе долго време мислат дека козите се многу попаметни отколку што нивното скромно однесување нѐ тера да веруваме. Конечно, група истражувачи во Австралија реши да ги тестира овие животни. За да го сторат тоа, тие поставија направа на чиј завршеток имаше овошје. За да дојдат до вкусното овошје, козите морале да ги користат забите за да го повлечат јажето што го активирало лостот што требало да го подигнат со устата. Ако можеле да сфатат сето тоа, го добивале плодот.

Девет од 12 кози ја совладале задачата по околу четири обиди. Кога истражувачите ги натерале сите кози да се обидат повторно 10 месеци подоцна, мнозинството сѐ уште се сеќавале како работи системот.

3. Слонови


Фото: Pixabay

Секој кој имал интеракција со слон, знае дека овие животни се многу паметни. Но, колку паметни? Истражувачите имаат направено голем број студии за овој предмет. Според една студија, слоновите можат да направат разлика меѓу јазици и дали зборува маж, жена или дете.

Како знаат? Во Африка само некои племиња ловат слонови. Научниците пуштале снимки од групи кои ловат слонови и една од група која не лови. Кога слоновите ги случнале снимките од групата која лови слонови, тие се исплашиле и се оддалечиле од местото. Но, кога го слушнале јазикот на групата која не ги лови, тие не се поместиле. Тогаш истражувачите пуштиле снимки од јазикот кој ги плашел, но имало снимки од жени, деца и мажи. Слоновите се исплашиле само од гласовите на мажите.

4. Делфини


Фото: Pixabay

Еден начин на кој научниците ја мерат интелигенцијата е тест за самопрепознавање во огледало. Идејата зад овој тест е да се утврди дали едно животно може да се препознае пред огледало. За да го сфатат тоа, научниците ставаат обоена ознака на телото на животното. Потоа тие ги поставуваат пред огледало. Најчесто, ако животните се препознаат себеси, тие ќе покажат знаци на обид да се отстранат обележјата од нивните тела, како чешање или триење.

Многу животни не го поминале овој тест. Кога ќе го видат својот одраз во огледалото, тие мислат дека тоа е друго животно од нивниот вид и или бегаат и се обидуваат да се борат или го плашат странецот.

Кога истражувачите ставиле ознаки на делфините, тие ги истражувале дамките во нивните одрази. Со други зборови, тие знаеле дека ознаките им припаѓале ним, а не на друго животно; тие знаеле дека делфинот во огледалото се тие самите.

5. Врани


Фото: Pixabay

Тешко е да се замисли дека врана може да биде толку паметна како вас, а можеби дури и попаметна. Но, научниците направиле серија студии кои докажуваат дека тие можат да бидат исто толку добри или подобри во решавањето на проблемите.

Во една студија, истражувачите им дале на врани и луѓе иста загатка: играчка плива на површината на водата во висока чаша, премногу тесна за птицата да го сруши или за мало дете да ги стави рацете. Децата помлади од осум години се целосно збунети и генерално не можат да најдат начин да дојдат до играчката. Но, враните не се збунети. Тие едноставно ги испуштаат камењата во тесното стакло. На крајот камењата ја истуркуваат водата од дното на стаклото и играчката се крева на врвот, а птиците можат брзо да ја земат.

6. Пчели


Фото: Pixabay

Пчелите се многу интелигентни мали суштества. Истражувачите научиле пчели за да идентификуваат која од две хоризонтални линии е над другата. Кога ќе одговореле точно, добивале награда. Работата е што истражувачите ги научиле само како да идентификуваат дали линиите кои се хоризонтални се над или под. Па кога истражувачите им покажувале вертикални линии, пчелите едноставно одлетувале. Тие знаеле дека нема начин да се добие наградата.

7. Октоподи


Фото: Pixabay

Октоподите се во своја сопствена лига. Повеќето без'рбетници немаат ниво на интелигенција како овие морски суштества со невообичаена форма. Во една студија, истражувачите тестирале дали суштествата ќе можат да разликуваат две различни лица. Така, двајца поединци комуницирале со октопод, при што еден дејствувал исклучително пријателски, а другиот бил ладен. По кратко време, кога двајцата ќе влезеле во исто време, октоподот го игнорирал ладниот во корист на попријателскиот гостин.
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука