X
 03.04.2018 Образование

Танцувањето е важно колку и математиката

танц
Фото: Stocksky

Танцот се изразува физички - преку движење и ритам на врските, чувствата и идеите. Никој не го измислил танцот. Тој е сместен длабоко во срцето на секоја култура низ историјата - тој е дел од пулсот на човештвото што постојано се развива.

Некои луѓе одамна сфатиле дека танцот е суштински дел од животот и образованието. Истражувачите Шарлот Свендлер Нилсен и Стефани Буриџ неодамна во нивните студии за вредноста на танцот ги споиле вредностите на танцот - од Финска до Јужна Африка, од Гана до Тајван. Нискиот статус на танцот во училиштата делумно произлегува од високиот статус на конвенционалната академска работа, што ја поврзува интелигенцијата главно со вербално и математичко размислување. Истражувањата собрани од Нилсен и Буриџ покажуваат како подлабокото разбирање на танцот предизвикува стандардни концепции на интелигенција и достигнувања и покажува трансформативна моќ на движењето за луѓето од сите возрасти и потекла. Танцот може да помогне во враќањето на радоста и стабилноста во проблематичните животи, може да ги намали тензиите во училиштата нарушени со насилство и малтретирање.

Тони Вокер, поранешен директор на основното училиште „Лехи“ во Флорида, го раскажува искуството од работата со „Денсинг класрумс“, непрофитна организација за танцување. „Кога една млада девојка дојде во нашето училиште, нејзиното досие беше прилично големо. Но таа чувствуваше дека треба да се докаже и дека на сите треба да им стави до знаење дека е силна и борбена“, вели тој. Девојката не сакала да се вклучи во танцувачката група, меѓутоа, учеството не било опционално. Наскоро, таа открила дека има природен талент за танцување. „Наредниот час таа имаше поинаков став и не моравме да ја убедуваме да танцува. Едноставно застана во редот“, вели Тони Вокер.

До четвртиот час, девојката била трансформирана: „Таа почна да се држи поинаку, зборуваше поинаку; сега е љубезна, се изразува со почит и нема ниту една дисциплинска забелешка. Нејзината мајка не можеше да поверува. Програмата е далеку поголема отколку што луѓето мислат“, вели Тони.

Танцувачкото образование има важни придобивки за општествените односи на учениците, особено меѓу половите и возрасните групи. Многу форми на танц се инхерентно социјални. Тие вклучуваат движење заедно со синхронијата и емпатијата, со директен физички контакт. Во евалуацијата на „Денсинг класрумс“ во Њујорк, 95 отсто од наставниците изјавиле дека танцувањето донело подобрување во способностите на учениците да соработуваат. Во истражување во Лос Анџелес 66 отсто од директорите на училиштата изјавиле дека откако започнала програмата, нивните студенти покажале зголемено прифаќање на другите, а 81 отсто од учениците изјавиле дека покажуваат почит кон другите. Танцот има и други придобивки. Танцот промовира голем дел од личните квалитети што работодавецот ги препознава како суштествени во адаптибилната работна сила.

Eден директор на училиште бил особено импресиониран од подобрувањата во читањето и математичките поени кај учениците од петто одделение. „Нема сомнение за влијанието на програмата во академскиот живот на нашите ученици. Кога првпат дојдов тука, нивните поени беа катастрофални. Минатата година, која ни беше втора во програмата, тие стигнаа до 83 отсто. Оваа година нашите петтоодделенци имаат 85 отсто на тестовите по читање, највисоки поени во училиштето“, вели Лоис Хабтес од основното училиште „Емануел Бенџамин Оливер“ на Девствените Острови.

Се разбира, не станува збор само за танцот. Успехот на „Денсинг класрумс“ е пример за добро документиран однос помеѓу физичката активност и образовните достигнувања. Истражувачи во кинезиологија и педијатрија спровеле истражување на повеќе од 850 студии за ефектите на физичката активност кај децата на училишна возраст. Повеќето од студиите ги мереле ефектите од 30 до 45 минути на модерна до енергична физичка активност, три до пет дена неделно врз многу фактори. Дошле до заклучок дека физичката активност има позитивно влијание врз меморијата, концентрацијата и однесувањето во училницата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование