X
 04.04.2018 Наука

НАСА има нов „ловец на планети“ - во акција ќе тргне наредниот месец

телескоп
Фото: NASA

Телескопот „Кеплер“ ѝ помогна на НАСА да пронајде илјадници оддалечени планети, а НАСА го подготвува неговиот наследник наречен ТЕС (Transiting Exoplanet Survey Satellite), односно сателит за надгледување на егзопланети во минување.

ТЕС ќе патува кон небото во „багажникот“ на ракетата „Фалкон 9“, а неговиот лет е закажан за средината на овој месец.

Телескопот ќе кружи околу нашата планета во елиптична орбита, синхронизирајќи се со Месечината. Неговата задача ќе биде да следи околу 200.000 ѕвезди и да ги набљудува нивните планети. ТЕС ќе ги идентификува далечните светови според нивната сенка, односно со намалување на интензитетот на светлината што доаѓа од правец на нивните родни ѕвезди. Развојниот тим на инженери и научници што работат на проектот претпоставува дека леталото во вака стабилна орбита ќе кружи со децении.

ТЕС ќе почне со работа наредниот месец, а неговата задача ќе биде да се фокусира на посветли ѕвезди кои „Кеплер“ моментално не ги снима. Оваа мисија ќе ни помогне за поблиско истражување на ѕвездите и планетите оддалечени 300.000 светлосни години, а ќе ги чита нивната густина, состав и маса.

ТЕС е дизајниран да соработува со телескопот „Џејмс Веб“ што НАСА го создаде како наследник на познатиот „Хабл“. Но „Веб“, поради технички проблеми, нема да биде во употреба до 2020 година.

ТЕС има специјалност, а тоа е проучување на ѕвездите од М-класа, односно црвените џуџиња - најстудените и најшарените сонца во нашата галаксија, невидливи за човечкото око.

„90 отсто од ѕвездите што можеме да ги препознаеме во Млечниот Пат се многу постудени од нашето Сонце. Тоа е она што сакаме да го истражуваме во оваа мисија“, изјави главниот истражувач, Џорџ Рикер Џуниор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука