X
 05.04.2018 Технологија

„Месинџер“ со нова опција што ќе ве воодушеви

месинџер
Фото: Profimedia

„Фејсбук Месинџер“ отсега поддржува снимање во 360 степени и видео со висока резолуција. Во него може да се вчитуваат снимките од камерата што го имаат тој режим на работење. Доколку снимите панорамска снимка, „Месинџер“ може да ја претвори во снимка во 360 степени.

Споделувањето на фотографиите направени во 360 степени е речиси исто како вообичаената постапка на додавање фотографии. Проверете дали фотографијата е во „camera roll“.

Како и фотографиите во 360 степени во „Њуз фид“, и во „Месинџер“ ќе можете да управувате со нив за да ги погледнете од повеќе агли. Фотографиите во 360 степени се означени со кружно сличе во долниот десен агол.

Видеорезолуцијата е подигната на 720 p. „Фејсбук“ во текот на минатата година ја подигна резолуцијата на 4К (1.080 p).

Новата можност сега е достапна во 18 држави - меѓу кои и Америка, Велика Британија, Канада и Австралија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија