X
 05.04.2018 Живот

Резимето на хартија изумира - Еве како да се истакнете при аплицирање за работа

цв

Колку што се знае, првото забележано CV му се припишува на Леонардо да Винчи, напишано во 1482 година. Да Винчи детално на хартија ги забележал своите вештини и компетенции и ги испратил до потенцијалниот работодавец. Со оглед на тоа што CV-то е старо околу 500 години, не изненадува тоа што работите малку се промениле.

Според анкетата спроведена од „Клодл“, алатка за мрежно вработување на дипломирани студенти, 42 отсто од учениците во Велика Британија сметаат дека традиционалниот формат е застарена алатка за барање работа бидејќи не е доволно динамичен.

Ако сакате динамичност, направете некои од следните работи:

1. Однесувајте се кон CV-то како кон подружељубива и подобра верзија од себеси

1

2

3

Резимето на Мартин Зариан потсетува на важноста на пакувањето. Не суди за книгата според кориците, но дефинитивно може да се суди за нечиј труд вложен во оставање на првиот впечаток.

2. Резимето од „ДизајнБолтс“ изгледа како ваша лична веб-страница, модифицирана според личните креативни барања

4

3. Винчензо Кастро создал доста забавен дијаграм на заднина со црна боја

4

На овој начин сигурно ќе биде запаметен бидејќи работодавецот ќе сака да разговара со него и да го праша за креативниот процес и од каде му дошла идејата за вакво CV. Доброто  CV ви гарантира дека ќе добиете можност во живо да му се претставите на работодавецот.

4. Бојата денес е неопходна. Некои луѓе одат чекор понатаму и освен корпоративната сина или зелена, користат жолта или црвена

6

8

5. Можете да одите уште понапред и воопшто да не користите CV при аплицирање за работа. Многу луѓе ја прескокнуваат оваа процедура и до работодавецот стигнуваат преку мрежата „Линкдин“.

Некои профили на „Линкдин“ се толку детални што ќе бидат веродостојна CV-опција.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот