X
 09.04.2018 Економија

Како успеала? Оваа земја е „новата“ Германија

полска

Пред речиси четврт век Полска, како и другите источноевропски земји, поминала низ големи социјални и политички промени.

Државно контролираната економија била заменета со пазарна и оттогаш Полска двојно го зголемила реалниот БДП. Од 1992 година има постојан стабилен раст, кој не прекинал дури и во текот на последната глобална криза, кога и најсилните светски економии потонаа во рецесија. Затоа, голем број експерти велат дека Полска е „новата Германија“ и идниот двигател на европската економија.

Оваа трансформација, како и во другите слични земји, не одела толку лесно и безболно бидејќи преминувањето кон пазарна економија и конкуренција покажало дека дел од компаниите, а и цели сектори се неодржливи. Но многу брзо, по само неколку години, по промената на начинот на функционирање на економијата и приватизацијата започнал незапирливиот раст, кој продолжува и денес.

Полската економија и пред кризата од 2008 година беше една од најбрзо растечките, со просечна стапка на раст во период од 1991 до 2008 година, од 4,6 отсто. Кризата не ги запре Полјаците, и ова беше единствената земја-членка на ЕУ што успеа да ја избегне рецесијата, а и понатаму имаше просечна стапка на раст од околу 3 отсто. Земјата која со децении била на работ, сега е на пат да стане новиот „мотор“ на Европа.

Во екот на глобалната рецесија, во 2009 година економијата на ЕУ паднала на 4,5 отсто, додека во Полска пораснала за 1,6 отсто. Кон крајот на 2013 година ЕУ се вратила на нивото пред кризата, додека полската економија во овој период кумулативно пораснала за 16 отсто.

Денес, Полска е една од десетте најголеми економии во Европа, првенствено благодарение на силниот приватен сектор. Пазарните реформи го довеле приватниот сектор во доминантна позиција и сега има 80 отсто дел во извозот и вработувањето во бруто-додадена вредност. Поради тоа, приватниот сектор морал да го апсорбира вишокот на работници во помалку продуктивни области и имал важна улога во стабилизирањето на економијата и општеството при спроведувањето на реформите.

Полскиот модел на развој се базира на зголемена продуктивност, динамика на извозот, а силната внатрешна побарувачка е резултат на фактот дека станува збор за голем пазар од речиси 40 милиони луѓе. Голема улога во сето ова имаа и странските инвестиции и одличното искористување на ЕУ-фондовите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија