X
 18.01.2017 Култура

Дмитриј Лихачов: Човекот е должен да биде интелигентен!

Човекот е должен да биде интелигентен! А што ако неговата професија не го бара тоа? А што ако не можел да се образова: такви биле околностите. А што ако околината не му го дозволила тоа? А што ако поради интелигенцијата бил „црна овца“ помеѓу соработниците, пријателите, семејството, и таа едноставно му пречелада им се приближи на другите луѓе?

Не, не, не! Интелигенцијата е неопходна во сите околности. Потребна е и поради другите, и поради самиот човек. Таа е многу, многу важна, за да живееме среќно и долго! Затоа што, интелигенцијата е еднаква на моралното здравје, а здравјето е потребно за да живееме долго - не само физички, туку и ментално. Во една стара книга пишува: „Почитувај ги своите татко и мајка за да живееш долго на земјата“. Ова се однесува на целиот народ, и на поединецот како единка.

Многу луѓе мислат: интелигентен човек е оној кој многу читал, кој се стекнал со добро образование, многу патувал, знае неколку јазици. Меѓутоа, може да се има сето тоа и да се биде интелигентен, а може, во голем степен, човек да нема ништо од ова, а сепак да биде интелигентен. Нивото на образование не смее да се меша со интелигенцијата.

dimitrij

Интелигенцијата не е само знаење, туку и способност да се разберат другите. Таа се изразува во илјадници мали нешта: во способноста човек да се однесува скромно на маса, во способноста незабележливо да се помогне на другите, да се чува природата, да не се фрла ѓубре околу себе - да не се фрлаат отпушоци, глупави идеи (тоа е исто така ѓубре, и тоа какво).

На рускиот север, запознав селани кои навистина беа интелигентни луѓе. Тие одржуваа неверојатна чистота во своите домови, знаеа да ценат добри песни, знаеа да раскажат добра приказна, водеа уреден живот, со разбирање се однесуваа кон тагата на другите луѓе, и радоста на другите луѓе.

Интелигенцијата е способност да се разбере, да се забележи, тоа е толерантен став кон светот и луѓето. Интелигенцијата човек треба да ја развива во себе, да ја тренира - да ја тренира духовната сила како што се тренира физичката. А тренингот е можен и неопходен во било кои околности.

Тренирањето на физичката сила придонесува за долговечност - тоа е разбирливо. Многу малку се размислуа на тоа дека за долговечност е потребно тренирање и на духовната и на физичката сила. Поентата е во тоа што злобните и зли реакции на окружувањето, грубоста и неразбирањето на другите е знак на ментална и духовна слабост, човечка неспособност да живее...

Добрината и едноставноста на човекот му даваат не само физичко здравје туку и убавина. Да, токму така - убавина.

Општествена должност на човекот е да биде интелигентен. Тоа е должност и кон самиот себе. Тоа е залог за неговата лична среќа и „аурата на добрината“ околу него и кон него.

Автор: Дмитриј Лихачов
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура