X
 18.01.2019 Живот

Најголемата промоција на книга досега

Издавачката куќа „Просветно дело“ ја најавува најголемата промоција на книга досега – промоцијата на книгата „Нашиот пат“ од авторите Марко Марковиќ GP и Стефан Рашковиќ Stefonator!

Откако најомилените јутјубери во Македонија, GP и Stefonator, го објавија видеото „Нашата книга“ на своите „Јутјуб“ канали, информацијата за тоа дека овие момци напишале книга за „Просветно дело“ молскавично одекна насекаде! Нивното видео достигна над 70.000 прегледи за само 4 дена, а интересот за книгата е толку голем што од издавачката куќа „Просветно дело“ изјавија дека пристигнуваат побарувања секојдневно од сите градови во Македонија.



Промоцијата на книгата е најавена за 26 јануари, в сабота, со почеток од 12 часот, во МКЦ, а младите автори се приготвуваат за најголемиот митап на своите обожаватели и следбеници досега!



-Датумот 26.1.2019 година. Го најавувавме две недели пред да го објавиме официјалното видео за нашата книга и го прогласивме за најзначајниот датум во нашите животи досега. Започнавме и со одбројување до настанот... Книгата ја посветивме на сите што веруваа во нас - изјавија јутјуберите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот