X
 18.01.2020 Живот

Најнабљудуваните градови во светот

Кинеските градови се убедливо најнабљудуваните, а тоа го потврдува и листата на „Компаритех“, која спровела истражување во 120 градови во светот и објави список со оние со најмногу камери на 1.000 жители. Првите пет места им припаѓаат на кинеските градови, а потоа доаѓа европскиот првак Лондон и потврдува дека Стариот континент има „коњ за трка“.

Првите пет места на светско ниво ги заземаат кинеските градови Чунгкинг (168 камери на 1.000 лица), Шенжен (159 камери на 1.000 лица), Шангај (113,46 камери на 1.000 лица), Тјенцин (92,87 камери на 1.000 жители) и Ѓинан (73,82 камери на илјада жители).

Кога станува збор за европските градови, направена е листа од десет града со најмногу камери на илјада жители и додека Лондон е на првото место со 68,4, вториот град на листата има многу помалку камери.

Така, Берлин има 11,2 камери на илјада жители, Варшава има 7,9, Виена 7,4, Истанбул 7,2, а потоа следува значителен пад. Мадрид има 4,4 камери на илјада жители, Будимпешта 3,4 и Париз 3,1. Последна е Софија со 2,4 камери на илјада жители.

Фото: ictbusiness.info
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот