X
 18.01.2021 Образование

„Светот на Биби“ на МТВ: Нашата цел е да едуцираме, да забавуваме и да помогнеме во воспитувањето на следните генерации

Со цртаните од „Светот на Биби“ сакаме да им помогнеме и на децата и на родителите. Нашите ликови ги забавуваат децата, но и ги учат да ја засакаат книгата, а на родителите им помагаат нивните најмили да развиваат вистински вредности и способности, рече Јована Аврамовска, задолжена за односи со јавност во „Светот на Биби“ на гостувањето во МТВ.

Тимот на „Светот на Биби“ е еден од ретките кои создаваат цртани на македонски јазик и веќе две години посветено работи во оваа област.

- Цртаните им помагаат на децата да го совладаат мајчиниот јазик. Секоја епизода завршува со поучна порака, од која можат да научат и децата и родителите. Но, покрај цртаните, на децата на располагање им се и сликовниците, друштвените игри и останати производи, кои помагаат за нивната едукација и развој - рече Јована.

Од неодамна родителите имаат пристап и до платформата edukacija.svetotnabibi.mk. Доколку не сте ја посетиле, таму се објавуваат најновите видеа од „Светот на Биби“, како и цела низа едукативни содржини од различни области.

Разговорот погледнете го на видеото во продолжение.

Издвојуваме

Образование