X
 18.01.2021 Образование

Тајландски универзитет ќе претвора стари телефони во микроскопи за студентите

Старите мобилни телефони може да се пренаменат за многу работи, па дури и како микроскопи.

Универзитетот „Чулалонгкорн“ во Бангкок, Тајланд, во соработка со министерството за дигитална економија и општество на Тајланд, ќе пренамени стари мобилни телефони во микроскопи.

Телефоните се донирани од компанијата „Таи Самсунг електрикс“. Проектот предвидува создавање 2.500 микроскопи од стари мобилни телефони за факултетите кои имаат потреба од нив. Проектот има цел да промовира еднаков пристап до квалитетно образование за студентите низ земјата со пренамена на стари уреди.

Сè уште не се откриваат детали, но се знае дека телефоните ќе бидат претворени во микроскопи со нова „паметна леќа“, за која не е познато како ги претвора телефоните во микроскопи. Една претпоставка е дека леќата ќе ја користи камерата на телефоните за да ја зголеми сликата.

Автор: Лукиа Пападопулос
Извор: interestingengineering.com
Фото: Chulalongkorn University
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование