X
 18.02.2019 Живот

Продадени резиденцијата и амбасадата на СФРЈ во Токио, Македонија треба да добие 8 отсто од сумата

Во рамките на сукцесијата, по станот на Јосип Броз Тито на Менхетн продадени се и амбасадата и резиденцијата на некогашна СФРЈ во Токио за 14,7 милиони евра.

Согласно Договорот за прашањата на сукцесија, Северна Македонија би требало да добие 8 отсто од таа сума или речиси 1,2 милион евра, кои на сметка би требало да легнат до почетокот на мај. Договорот за купопродажба бил склучен на 31 јануари, јави денеска весникот „Вечерње новости“.

Недвижноста во Токио има 1.726 квадратни метри и се простира на 938 квадрати земјиште.

„Новости“ наведува дека продолжуваат активностите за продажба на трите преостанати објекти – зградата во која во моментов е сместена српската мисија на ОН во Њујорк и амбасадите во Берн и во Бон. За сите три објекти веќе постојат конкретни понуди.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот