X
 18.02.2020 Наука

Астронаутката Кристина Кук си го заработи местото во учебниците по историја

Колку астронаути можете да именувате без да се консултирате со „Гугл“ или „Википедија“? Нил Армстронг и Баз Олдрин се лесни. Тие беа првите луѓе што стапнале на Месечината. Веројатно треба да го знаете и нивниот пилот Мајкл Колинс.

Кристина Кук, која во четвртокот се врати на Земјата, е името што треба да го запомните. Таа и Џесика Меир ја извршија првата женска вселенска прошетка. И покрај тоа што Кук во текот на нејзината мисија извршила шест вселенски прошетки, постави рекорд за престојување во вселената и даде голем придонес за вселенската наука. Октомвриската вселенска прошетка ќе биде она што ќе ја запише во учебниците по историја.

На ист начин е позната и Сели Рајд - по тоа што била првата Американка во вселената, но исто така и по нејзината работа во развојот на роботската рака на вселенскиот брод. Во сите овие случаи да се биде прв е прашање на тајминг, а не нешто што било под директна контрола на астронаутите кои вовеле или создале нешто ново.

Не дека постои трка за првата женска вселенска прошетка. Всушност, спротивно на тоа.

Присуството на Кук и Меир на таа вселенска прошетка практично било случајно. НАСА има 48 астронаути со активна должност, од кои 16 се жени. На првата женска вселенска прошетка требало да одат Ен Меклејн и Кук. Но, само еден вселенски костим бил достапен. Ако тогаш се случела прошетката, Меклјен, а не Кук, би била командирот. Кук не би била таа што би зборувала со претседателот.

1
Фото: NASA

Кук ќе остане запаметена и по најдолгиот престој на женски астронаут во вселената - 328 дена. Таа волонтирала за оваа мисија како дел од долготраен експеримент.

Додека ги славиме рекордите на Кук, достигнувањата што доаѓаат директно од нејзините напори се помалку познати.

Таа спроведе истражување за микрогравитација на зеленчук, испитувајќи ја улогата на гравитацијата во вселената врз здравјето на целото растение, развојот на клетките и растот на ткивата. Можеби најважно, таа анализирала како овие растенија влијаат врз човечката заедница. Луѓето се поврзуваат преку храната, а можноста да се одгледува храна во вселената би била важна за социјалната динамика во текот на идните долготрајни мисии на Марс со поголем екипаж.

Но, сите тие рекорди се важни затоа што сигнализираат промена. Ја славиме првата женска вселенска прошетка бидејќи е праг. Кук и Меир, исто така, учествувале и во втората и во третата женска вселенска прошетка. Ќе има и други, и тие нема да бидат забележани бидејќи прагот што го поминавме води до иднина каде што жените во вселената нема да се исклучок.

Исто така, нејзината долготрајна мисија отвора прозорец на разбирање за тоа што ќе биде неопходно за човечкиот вселенски лет кон Месечината и Марс. Во моментов, повеќето податоци за ефектот на зрачењето врз жените доаѓа од преживеаните во Хирошима. Се чини дека зрачењето влијае врз жените повеќе отколку што влијае врз мажите. Никој не знае зошто. Но, регулативите на НАСА го ограничуваат времето кога жените можат да одат во вселената бидејќи истиот примерок е премал за да каже дали космичкото зрачење поинаку влијае врз женските тела. Долготрајната мисија на Кук е знак дека агенцијата е сериозна во планот да ја направи вселената достапна за сите.

Во иднина НАСА вети дека и жена-астронаут ќе стапне на Месечината. Можеби ќе бидеме сведоци на првата женска екипа на Меѓународната вселенска станица. Но засега овие мисии остануваат чист потенцијал. Кук си го заработи местото во учебниците по историја, ги помина овие прагови и ја отвори вратата кон иднината.

Да се надеваме дека ќе стане уште еден астронаут што ќе можете да го именувате.

Извор: Independent.co.uk
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука