X
 18.02.2020 Образование

Продолжува соработката меѓу УКЛО и фондацијата „Конрад Аденауер“

Проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски, оствари средба со новиот в.д. директор на фондацијата „Конрад Аденауер“ за Македонија и Косово, Норберт Бекман Диркесом. Потврдено е понатамошно продолжување на заеднички проекти со УКЛО и поддршка во реализација на заемни програмски активности.

На средбата стана збор за успешна реализација на летен универзитет 2020 како регионална школа со учество на студенти и професори, како и поддршка на Скопје Форум за безбедност 2020 и спроведување на научноистражувачкиот проект „Индекс на безбедноста“.

Благодарност за досегашната соработка од име на ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, и УКЛО, проректорот Ѓуровски изрази до досегашниот директор Јоханес Раи. Добрата соработка е потврдена на средбата што проректорот за студентски работи и институционален Еразмус + координатор на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски, ја оствари со Јоханес Раи, директорот на Фондацијата за Македонија и Косово.

соработка

На средбата, покрај конкретните проекти, разгледани се и можностите за продлабочување и проширување на соработката. Изразувајќи благодарност од името на УКЛО, проректорот Ѓуровски оцени дека соработката овозможува зацврстување на македонско-германските односи, европските интеграции на земјата и поттикнување поголема соработка во академската област, со посебен акцент на размената на студенти и професори, со што се дава придонес кон зацврстување на довербата во регионот и неговата европска интеграција.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование