X
 18.02.2021 Живот

Го фотографирал Сонцето со соларен телескоп и случајно направил волшебна фотографија

Понекогаш, некои фотографии се испланирани до секунда. Но некои фотографии се резултат на случајност. Фотографот Ендру Мекарти успеал да фотографира авион кој поминува покрај Сонцето, и тоа сосема случајно. На фотографијата на Мекарти Сонцето изгледа како розово-црвен круг на кој се гледа силуетата на комерцијален авион. Таа изгледа толку совршено што би помислиле дека е направена во „Фотошоп“, но таа била направена со соларен телескоп.

- Го поставив соларниот телескоп за да направам слика од целиот диск од Сонцето - вели тој, додавајќи дека авионот случајно поминал во процесот.

Мекарти ја објавил фотографијата, но и видео во кое се покажува поминувањето на авионот, на „Инстаграм“.




Автор: Сара Барнс
Извор: mymodernmet.com
Фото: Принтскрин/Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот