X
 18.02.2021 Живот

Најчестите грешки што се прават за време на онлајн-презентации и состаноци

Можеби се гледа крајот на пандемијата, но тоа не значи дека со пандемијата ќе завршат и онлајн-настаните. Бил Гејтс точно предвидел дека светот ќе се соочи со пандемија, а сега предвидува дека никогаш нема да работиме како порано. Многу состаноци и настани ќе продолжат да се одвиваат преку интернет.

Доколку сакате да ги подобрите вештините за говорење преку компјутер, Брајар Голдберг, советничка за говорење во ТЕД, нуди неколку совети за поправање на најчестите грешки што ги правиме на онлајн-состаноците.

Гледајте во камерата, а не во публиката

Додека зборувате, природно е да сакате да гледате во публиката, но на тој начин вашиот поглед не е насочен кон гледачите за време на состанокот поради поставеноста на камерата. Доколку сакате гледачите да продолжат да ве слушаат и да учествуваат во разговорот, треба да ја жртвувате желбата за гледање во нивните леца, вели Голдберг. Според неа, треба да гледате во камерата барем 90% од презентацијата.

Внимавајте при читањето

Кога станува збор за секоја презентација, не треба да го запишувате она што сакате да го кажете и да го прочитате како робот, но не сакате ниту да останете без зборови. Затоа, вежбајте го читањето на белешките претходно и обидете се да читате што помалку.

Не дозволувајте им на другите да ги исклучат камерите

Сликите од камерите на другите може да ви го одвлече вниманието, но Голдберг вели дека само така ќе имате претстава како напредува презентацијата. Затоа, таа советува да побарате од публиката да ги вклучи камерите. Тоа може да го направите и со кратка порака пред состанокот во која ќе напишете дека очекувате камерите на гледачите да бидат вклучени, па така учесниците може да го планираат тоа.

Автор: Џесика Стилман
Извор: inc.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот