X
 18.03.2020 Образование

Креативно видео од УКЛО - короната како инспирација: Дисциплина и одговорност кон себе и кон другите

„Имај убав ден и седи си дома!“ е генералното мото на видеото што го креираа студенти на УКЛО со намера да предложат активно и исполнето користење на времето кога не посетуваат класична настава, односно како може да се работи и да се биде креативен од дома.

Мотивирачко и одговорно, членови од Универзитетското студентско собрание на УКЛО со видеоклип се обратија до јавноста, но пред сè до младите луѓе и своите врсници и предложија начини за креативно исполнување на времето дома.


„Навистина исправни постапки“, се дел од коментарите по објавувањето на видеоклипот со кој студентите на УКЛО промовираат совесен и зрел пристап кон новонастанатата ситуација поради вирусот Ковид-19. Во видеото учествуваат студенти на Универзитетското студентско собрание на УКЛО, кои биле поведени од желбата да им помогнат на другите студенти и да им дадат совети што би можеле да прават во периодот на самоизолацијата во оваа вонредна состојба. Освен предлозите што ги наведоа, главната цел, како што велат, им била да направат забавно видео кое ќе ги разведри и ќе им помогне на граѓаните во овие атипични моменти за да бидат храбри, смирени и со совесно да се соочат со глобалната епидемиолошка закана.

Ова видео студентите го снимиле и сами го монтирале во само еден ден.

Инаку, во согласност со препораките на Владата, УКЛО функционира во делот на најнеопходните активности. Уште од првиот ден, по објавување на мерките за превенција, Универзитетот формира кризен штаб за навремена размена и споделување на информациите од надлежните органи до своите единици и мерките што треба да се преземаат. Сите единици формираа помошни кризни штабови, а сите служби, вклучително и во Ректоратот, се достапни онлајн и преку телефон. Покрај тоа, Универзитетот премина на онлајн-настава, наставниците добија препораки предавањата да ги одржуваат преку интернет, за што УКЛО им понуди соодветни платформи.

На својата веб-страница и преку Универзитетското радио, УКЛО редовно ги следи и објавува најновите податоци и препораки од Министерството за здравство и одлуките од Владата во врска со коронавирусот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование