X
 18.03.2021 Живот

Изготвена уште една страница за вакцинација

Денеска е пуштена во употреба онлајн-платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека на страницата се достапни сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата.

На страницата може да се види колку лица се заинтересирани за вакцинација, колку се вакцинирани и каде има пунктови за вакцинација. 

Фото: kovid19vakcinacija.mk (printscreen)

- Преку оваа страница може да се пристапи до апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19, vakcinacija.mk - се наведува во соопштението.

Од МЗ истакнуваат дека имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење заразни болести и спасување животи.

- Денеска се достапни вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи низ светот. Сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да ѝ стави крај на пандемијата - се заклучува во соопштението.

Насловна фотографија: Борче Поповски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот