X
 18.03.2021 Наука

Во Меѓународната вселенска станица откриени бактерии непознати за научниците

Луѓето постојано откриваат нови видови бактерии, а тоа не е исклучок и за локациите на кои речиси нема гравитација, како Меѓународната вселенска станица. Истражувачи од САД и од Индија во соработка со Американската вселенска агенција - НАСА откриле четири вида бактерии што живеат на различни места во Меѓународната вселенска станица, од кои три досега ѝ биле сосема непознати на науката.

Три од четирите вида бактерии биле изолирани во 2015 и 2016 година, а биле пронајдени на различни места во станицата. Четвртиот вид бил откриен во стар филтер што бил вратен на Земјата во 2011 г. Сите бактерии му припаѓаат на семејство што се наоѓа во почвата и свежата вода и може да ги стопираат патогените кај растенијата.

Астронаутите садат храна на Меѓународната вселенска станица со години, па не треба да изненадува што таму се пронајдени овие видови бактерии. Меѓутоа, ново е тоа што три вида од нив претходно не биле идентификувани.


Фото: Pixabay

Научниците што работеле на анализата на бактериите објасниле дека новите бактерии може да помогнат во растењето на растенијата на екстремни места на кои има минимални ресурси, како Меѓународната вселенска станица.

Новите бактерии може да им помогнат на научниците да ги препознаат генските карактеристики што им помагаат на растенијата да растат во услови со минимална гравитација, а со тоа ќе им помогнат на идните астронаути за долготрајни мисии во вселената.


Во меѓувреме, на Меѓународната вселенска станица биле собрани околу 1.000 примероци од микроорганизми што чекаат да бидат испратени до Земјата.

Автор: Џакинта Баулер
Извор: sciencealert.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука