X
 18.04.2018 Култура

Кога си во Рим, бори се како гладијатор!

Сметате ли дека имате сè што е потребно за да бидете вистински гладијатор?

Традиционално, вистинското место да го проверите тоа е прочуениот Флавиев амфитеатар во Рим, денес многу попознат како Колосеум.

Широката арена, отворена во 80-тата година од нашата ера, е сведок на многубројни крвави гладијаторски борби, борби со диви животни (лавови, носорози, слонови), како и симулации на морски битки.

Подоцна арената била користена како утврдување, за денес да биде една од најпосетените туристички атракции во цела Италија.

Наспроти Колосеумот се наоѓа „Лудус Магнус“, античкото школо за обука и тренинг на гладијатори.

А благодарение на современите римјани, здружени во организацијата „Gruppo Storico Romano“, посетителите на Рим можат да станат „гладијатори“ макар на еден ден.

Заинтересираните можат да навлечат шлемови и да научат да се борат со штит и меч.

Независно дали ќе се одлучите за „спаринг“ со мечеви или само за прошетка меѓу античките градби, на секој чекор од Вечниот Град ќе наоѓате траги од славната античка историја.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура