X
 18.04.2019 Технологија

„Фејсбук“ може да ги спои сторито и почетната страница во едно

„Фејсбук“ тестира радикално редизајниран интерфејс за својата апликација со која почетната страница и сторито ќе бидат комбинирани заедно, што значи дека корисниците ќе можат да ги прегледуваат на ист начин како на „Инстаграм“ и „Снепчет“.

Моментално сторито и почетната страница се сосема различни интерфејси во апликацијата. Можете да одите надолу за да разгледувате што има на почетната страница. Но, на новиот дизајн на сторињата и почетната страница, вклучувајќи и текстуални постови, слики, видеа и спонзорирани постови, ќе се појавуваат во истиот интерфејс.

Иако сторито беше една од најнепопуларните нови опции во 2017 година на „Фејсбук“, компанијата предвиде дека во 2019 година ќе ја надмине почетната страница.

Нејзината иднина беше доведена во прашање уште откако извршниот директор на компанијата, Марк Закерберг, изјави дека компанијата ќе ги отфрли јавните објави и ќе се насочи кон приватно енкриптирано комуницирање.

Од „Фејсбук“ велат дека опцијата не ја тестираат јавно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија