X
 18.05.2018 Образование

Повеќе од илјада матуранти танцуваат на плоштадите во Македонија

Околу 1.100 матуранти танцуваат денеска на плоштадите во неколку града во Македонија. Средношколците што ја завршуваат последната година традиционално ќе се заколнат на ненасилство. Манифестацијата „Матурска парада 2018“ се одржува на плоштадите во Скопје, Куманово, Гевгелија, Охрид, Струга и во Струмица.

Не само во Македонија, годинава во проектот учествуваат и матуранти од 62 града од Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Словачка, Унгарија и од Турција.
- Очекуваме годинава да танцуваат повеќе од 30 илјади матуранти од овие земји – вели Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност „Скопје“, која ја организира парадата заедно со танцовиот спортски клуб „Ритам плус“, под покровителство на Град Скопје и Делегацијата на Европската Унија.


Фото-галерија: Радован Вујовиќ











Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование