X
 18.05.2019 Наука

Викендов очекувајте го феноменот сина Месечина - последна од ваков вид за оваа деценија

Како што вели изреката, сината Месечина е редок феномен. Цветната сина месечина што ќе се случи овој викенд е уште поретка, се случува на секои десетина сини Месечини.

Но, и покрај тоа што го носи името сина, оваа полна Месечина всушност нема да биде сина. Името едноставно се однесува на фактот дека е четврта полна Месечина во сезоната, кога обично има само три полни месечини во една сезона.

Во 2019 година веќе уживавме во крвавата Месечина, розовата месечина и месечината „црв“ - секоја именувана по различни појави што се случуваат во текот на годината кога се појавува полна Месечина.

Цветната Месечина, која треба да се појави денеска (сабота, 18 мај) откако ќе зајде сонцето, е именувана по цвеќињата што цветаат во месец мај.

Следната сина Месечина ќе се појави дури во 2021 година, така што астрономите се надеваат на чисто небо овој викенд. Освен тоа, овој викенд ќе бидеме сведоци на уште неколку астрономски настани, велат од НАСА.

- До утрото на полната Месечина на 18 мај 2019 година, Јупитер ќе се појави на југо-југозапад на околу 23 степени над хоризонтот, а Сатурн ќе се појави на југ на околу 30 степени над хоризонтот - вели вселенската агенција.

- Венера ќе се издигне околу 7 минути по утринскиот самрак, но треба да биде видлива ниско источно-североисточно до 30 минути пред изгрејсонце - пишува НАСА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука