X
 18.05.2021 Образование

УКЛО - Деловно опкружување

Дека УКЛО не застанува во унапредувањето и воспоставување нови соработки со деловната заедница, потврда е и денешниот состанок во проширен состав кој се одржа со менаџерскиот тим на БИМИЛК, реномирана компанија од млекопреработувачката индустрија.

Имено, на иницијатива на проректорот проф. д-р Марјан Ѓуровски, а во организација на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО, денес се одржа онлајн-состанок со генералниот менаџер на „Бимилк“, Ѓорги Петрушев, и дел од неговите соработници, од една страна, како и деканите и продеканите на Факултетот за биотехнички науки, Технолошко-техничкиот факултет и Ветеринарниот факултет при УКЛО од друга страна.

1

По воведниот збор од страна на проректорот Ѓуровски, се отвори длабока и плодотворна дискусија од која произлегоа низа заклучоци за воспоставување меѓусебна соработка и искористување на капацитетите на двете институции во насока на создавање подобри резултати. Ваквите активности ќе се операционализираат во најскоро време преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење.

3

Беше констатирано дека ваков сличен состанок во проширен состав ќе се организира со Комората за земјоделство и преработувачка индустрија, пред поширокиот аудиториум на компании од прехранбената и преработувачката индустрија и би се презентирале можностите за заедничка апликативна соработка и истражување, кои ги нуди Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола со единиците во негов состав.

3

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование