X
 18.05.2022 Живот

Најдобрите 10 средношколци во Делчево добиваат награда од Општината - патување низ Европа

Прогласени се најдобрите 10 матуранти во Делчево, а ќе добијат наградно патување низ Европа. Наградата традиционално ја доделува Општина Делчево за постигнатите резултати и успех во досегашното образование на учениците кои учат во завршната година во делчевската воспитно-образовна установа.

Имињата на најдобрите 10 матуранти, како што соопштија од гимназијата, се одбрани по претходно спроведена постапка и критериуми, утврдени во Правилникот за истакнување, пофалување и наградување на ученици од страна на Комисијата формирана за таа цел.

- Годинава епитетот првенец на генерацијата ѝ припадна на Матеја Златковa, ученичка од 4-2 клас во Средното општинско училиште „М. М. Брицо“. Оваа одлука се темели на изборот на Комисијата составена од професори од училиштето, врз база на постигнатите резултати и успех во досегашното образование.

Првенецот на генерацијата и најдобрите матуранти како награда од Општината ќе добијат наградно патување низ Европа, информираа од делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо“.

Оваа година генерацијата матуранти 2018-2022 брои 102 ученици и е вкупно 61. генерација од постоењето на воспитно-образовната установа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот