X
 18.05.2022 Живот

Во 2021 измерени рекордни нивоа на температурата на океаните и концентрациите на штетните гасови во атмосферата

Новиот извештај на ОН за глобалната клима ги загрижи експертите

Алармантни нови рекорди на нивото на морето, температурата на океанот и концентрации на штетни гасови во атмосферата се поставени во 2021 година, тврдат експерти, јави ДПА.

Годишниот извештај за состојбата на глобалната клима од Светската метеоролошка организација на Обединетите нации, исто така, покажа дека океаните стануваат сè покисели затоа што јаглеродниот диоксид се раствора во морската вода загрозувајќи го дивиот свет.

Се наведува и дека екстремното време создаде шок кај храната и водата, расели милиони луѓе и предизвика милијарди долари загуби во 2021 година, додека глобалните температури достигнаа зголемување за 1,1 Целзиусов степен над тоа што беа во 19 век.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека глобалниот енергетски систем е скршен и нè носи уште поблиску до климатска катастрофа.

- Фосилните горива се ќор-сокак - еколошки и економски. Војната во Украина и брзите ефекти врз цените на енергијата предизвикани од неа се уште еден повик за будење. Единствената одржлива иднина е обновливата енергија - рече Гутереш, меѓу другото.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот