X
 18.05.2022 Живот

Вселенскиот туризам станува сѐ попопуларен: За 8 туристи резервацијата на летот е 50.000 долари

Компанијата за вселенски туризам „Ворлд вју“ досега имала 1.000 резервации за вселенски летови, што го потврдува фактот дека овој вид туризам станува сѐ попопуларен.

Компанијата планира да ги однесе туристите до работ на вселената во стратосферски балон и вселенска капсула под притисок. Кога станува збор за вселенскиот туризам, оваа компанија има продадено најголем број резервации.

Комерцијалните летови официјално треба да почнат во 2024 година, а најмногу резервации доаѓаат од САД, Канада, Германија и Обединетото Кралство.

Цената на резервацијата, односно летот е 50.000 долари, а можат да летаат само осум туристи и двајца членови на екипажот. Искуството би траело од шест до осум часа, а летот ќе биде на височина од околу 38 километри над нашата планета.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот