X
 18.06.2017 Култура

Овие се десетте најинтелигентни нации во светот

Со комбинација од резултати на тестови на интелигенција на ниво на држави, резултатите кои учениците од разни делови на светот  ги постигнуваа на тестови по математика, како и статистичките податоци за високото образование на населението, американскиот портал Gazzete Review состави листа на 10 „најпаметни“ држави:

1. Хонгконг

Во овој дел од Кина, под посебна форма на државно управување, живеат луѓето со највисок коефициент на интелигенција на светот, со просек кој изнесува 107. Студентите во Хонгконг постигнуваат најдобри резултати на тестовите по математика и другите научни предмети, а нивниот образовен систем се смета за втор најдобар после Финска. Учениците се многу амбициозни, па се запишуваат на дополнителни воннаставни активности за да ги подобрат своите шанси за добивање работа од соништата.


2. Јужна Кореја

Медимуската куќа „Блумберг“  ја прогласи Јужна Кореја за најиновативна земја во светот.  Студентите имаат трети најдобри резултати на математичките тестови во светот, а многу средства се трошат на истражувања и развој на нови идеи. Јужна Кореја, дополнително, има и најбрза и најсигурна интернетска врска, што ја докажува и нивната компетитивност во желбата да бидат број 1 на подрачјето на технологијата. Амбициозните испити и натпреварувачкиот дух, за жал, како последица продуцираа  многу висока стапка на самоубиства меѓу учениците кои не успеале во своите амбициозни планови за образование. Просечниот коефициент на интелигенција во Јужна Кореја изнесува 106.

3. Јапонија

Јапонија е позната по ригорозниот образовен систем, заради што учениците мораат да посветуваат голем дел од денот и ноќта во учење и школски обврски. Дури 99 проценти од јапонската популација се писмени. Универзитетот во Токио се смета за најдобар азиски униврзитет, додека земјата е една од водечките на светот во подрачјето на научни истражувања. Просечниот IQ  во Јапонија изнесува 105.

4. Тајван

Просечниот IQ во Тајван изнесува 104. Не станува збор само за една од најпаметните нации во светот, туку и за една од најгусто населените замји во светот. Населението во оваа земја зборува на кинески и на англиски јазик, со што им се отвораат дополнителни прилики за деловна соработка  со остатокот од светот. Децата се школуваат во државни училишта, а се сметаат за стручњаци во областа на технологијата.

5. Сингапур

На врвот на листата на најинтелигентни нации се наоѓаат народите од Азија. Просечниот коефициент на интелигенција изнесува 103, а оваа островска држава се гордее и со одличниот образовен систем во кој вложува значителни средства. Најголеми износи се вложуваат во „исплатливите“ економски сектори како технологија и финансии.

6. Холандија

Просечниот IQ во Холандија изнесува 103. Оваа земја има мошне добар образовен систем, со дури деветти најдобри резултати во светот кога се работи за математички тестови. Во тој сегмент најдобра е Финска, која има најдобар образовен систем на светот, но истовремено, според резултатите на стандардизираните тестови на интелигенција се наоѓа дури на 28 место место.
 
7. Италија

Италија е земјата на некои од најдобрите скулптори, писатели  и поети на сите времиња. Меѓутоа, многумина забораваат дека таа е и татковина на големите иноватори на подрачјата на науката и технологијата. Тоа го докажува и статистиката која покажува дека меѓу Италијанците има натпросечен број на дипломи во областите математика, физика и други природни науки. Просечниот коефициент на интелигенција во Италија изнесува 102.

8. Германија

Во историска смисла, Германија е земја со голем број филозофи, научници и уметници, па затоа не зачудува што голем број од нејзините граѓани завршуваат факултети токму во тие области. Многу се популарни и факултетите кои образуваат инженерски и технолошки профили. Германците се гордеат и со фактот што имаат неколку од најстарите и најпрестижните факултети во светот.

9. Австрија

Просечниот коефициент на интелигенција во Австрија изнесува 102, што е број што го споделуваат со соседите Италија и Германија, кои се наоѓаат на 7 и 8 место на листата на најинтелигентни нации за 2016 година. Австрија има еден од најдобрите образовни системи во светот, а се гордеат и со фактот дека имаат најголем број на докторски титули меѓу работната сила, во однос на остатокот од светот. Дури 7 жени и 9 мажи, на 1.000 жители, имаат докторат на некоја тема.

10. Шведска

Просечниот IQ во Шведска изнесува 101. Оваа земја има добар образовен систем во кој повеќето трошоци се на товар на државата. Затоа и не зачудува што факултетите им се достапни на мнозинството, ниту дека значителен процент од возрасните се со високо образование. Станува збор за втората земја во светот според употребата на компјутери во работниот процес, или речиси 75 проценти од вработените во Швеска, користат компјутер.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура