X
 18.06.2018 Наука

НАСА: Погледнете ја блиската средба помеѓу Месечината и Земјата

Астрономската слика на денот од НАСА е еден од најпосетените делови на официјалната веб-страница на американската вселенска агенција и се состои од фотографии кои имаат објаснувања од експертите, обично астрономи.

Видеото објавено на 4 јуни 2018 година е прекрасно и дефинитивно вреди да го погледнете.

Видеото е снимено од фотографот Даниел Лопез од Ел Сиело де Канариас и прикажува како нашата Месечина се спушта кон Земјата додека луѓето стојат и гледаат. Накратко, станува збор за спектакуларна снимка.

Описот на фотографијата на НАСА нагласува дека луѓето не се во опасност бидејќи оптичката илузија што ја гледаме е резултат на леќите на телескопот на камерата сместена на вулканот на Канарските Острови.



Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука