X
 18.06.2019 Живот

Бил Гејтс докажува дека медиумите ги превртуваат приказните наместо да решат посериозни проблеми

Бил Гејтс има 47,4 милиони твитер-следбеници, така што кога ќе објави нешто, не може да остане незабележано. Неодамна, основачот на „Мајкрософт“, го насочи вниманието на луѓето кон еден проблем што го мачел подолго време: медиумите не известуваат точно за причините за смрт на луѓето во Америка, а Гејтс смета дека ова покажува дека вестите се обидуваат да ја променат приказната, наместо да решат посериозни проблеми.

- Отсекогаш бев запрепастен од неповрзаноста меѓу она што го гледаме во вестите и реалноста на светот околу нас. Како што еднаш кажа мојот покоен пријател Ханс Рослинг, мора да се бориме со инстинктот на страв што ја искривува нашата перспектива - напиша Гејт на неговиот твитер-профил.

1
Фото: BillGates

Податоците што ги објави Гејтс се од проектот наречен „Смрт: реалити наспроти известување“, од студентите од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего. Истражувачите се обиделе да одговорат на овие прашања: Како луѓето умираат, како луѓето мислат дека умираат и дали постои разлика. За да добијат одговори, тие почнале да истражуваат дали постои неповрзаност меѓу она што човек го гледа на вестите и она што се случува во реалноста.

- За сите податоци, ги разгледувавме првите 10 најголеми причини за морталитет, како и тероризам, предозирање и убиства, три други причини за смрт за кои веруваме дека медиумите посветуваат внимание - велат истражувачите.

1
Фото: ourworldindata


За секој од нив било пресметано релативно учество во смртните случаи, учество во гугл-пребарувањето и нивната медиумска покриеност.

- Веднаш можеме да видиме дека ракот и срцевите заболувања заземаат голем дел од смртните случаи, секој одговорен за околу 30 отсто од вкупниот број на смртни случаи. На графиконот може да се види сè, освен тероризмот кој е многу мал - велат истражувачите.

Следни се податоците од „Гугл Трендс“.

2
Фото: ourworldindata

- Двете големи промени тука се недоволно застапени - срцевите заболувања и тероризмот. Исто така, самоубиството изгледа како да има порелативно учество во споредба со фактичката стапка на смртност. Останатите причини се во правилен редослед.

3
Фото: ourworldindata

- Тука можеме да видиме дека тероризмот, ракот и убиствата се причини за смрт што најмногу се споменуваат во весниците. Иако уделот што ракот го зазема се чини дека во голема мера е пропорционален, учеството што му се дава на самоубиството, но и на тероризмот е премногу застапено, со оглед на нивниот дел од вкупните смртни случаи.

- Откако ги разгледавме податоците откривме дека пребарувањата на „Гугл“ не се совпаѓаат со вистинската дистрибуција на смртни случаи. Ова укажува дека општото јавно мислење не е добро калибрирано со начините од кои луѓето всушност умираат. Срцевите заболувања и болестите на бубрезите се недоволно застапени во јавноста, додека тероризмот и убиствата зафаќаат многу поголем удел - заклучува истражувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот