X
 18.07.2019 Култура

Џорџ Р. Р. Мартин: Не го менувам крајот на „Игра на троновите“ без оглед на реакцијата на фановите

Писателот Џорџ Р. Р. Мартин изјави дека и покрај негативните реакции поради финалето на серијата „Игра на троновите“, тој нема ништо да менува во претстојните книги од серијалот „Песна за оган и мраз“, врз кој е базирана серијата.

Авторот вели дека интернетот и фановите влијаат врз начинот на кој се перципира неговото пишување, опишувајќи колку е потешко да се создаде заплет кога фановите постојано разменуваат информации онлајн. Како пример го наведе Џон Сноу и тајната околу неговите родители, велејќи дека во книгата имало рани знаци за тоа, но само еден читател во 100 успеал да сфати.

1
Фото: Depositphoto

- Пред интернетот сè беше во ред - за 99 читатели од 100, кога се открива кои се родителите на Џон Сноу читателите би реагирале: „Тоа е одличен расплет!“, но во ерата на интернетот, дури и ако само една личност од 100 открие, постира онлајн и другите 99 читаат и велат: „А да, тоа има смисла“ - вели авторот.

- Одеднаш заплетот што си го создавал е на интернет. И со тоа постои искушението да го променам. Но, тоа е погрешно. Бидејќи си планирал одреден крај и ако одеднаш ја промениш насоката само затоа што некој ја открил или затоа што не ти се допаѓа, тогаш е уништена цела структура.

Мартин вели дека не ги чита веб-страниците на фановите.

- Сакам да напишам книга што отсекогаш сум имал намера да ја напишам. А кога ќе се објави, фановите може да ја сакаат или да не ја сакаат - вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура