X
 18.07.2020 Живот

Сега имате уникатна можност да освоите 83-годишна бесплатна претплата на „Нетфликс“. Еве што треба да направите

„Нетфликс“ им дава можност на своите претплатници да освојат неверојатна награда. Стриминг-платформата неодамна објави мини-игра базирана на неодамна објавениот филм „Старата гарда“ каде што играчите ја преземаат контролата на бесмртник.

Играчот кој ќе има најмногу поени ќе добие 83-годишна претплата на „Нетфликс“.

Играта се наоѓа во веб-прелистувачот, каде што играчите ја преземаат контролата врз главниот лик Енди (Шарлиз Терон). Тие мора да се борат со непријателите користејќи ја двоглавата борбена секира на Енди. За да добијат најмногу поени, играчите треба побрзо да ги поразат непријателите, што значи да избегнат смрт. Натпреварот почна на 17 јули и ќе се одржува до 19 јули.



„Старата гарда“ е базирана на стрип со истото име од Грег Рука и Леонардо Фернандез. Следи мала група платеници кои се бесмртни и имаат способност да се регенерираат. Кога Марин Нил Фримен дознава за нејзината бесмртност, групата мора да ја најде додека мистериозен непријател се обидува да ја улови.

Играта можете да ја играте ТУКА.

Извор: Cbr.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот