X
 18.08.2022 Живот

Јапонија бара од младите да пијат повеќе алкохол за да го забрзаат економскиот раст

Младите Јапонци обично не пијат многу, но властите сакаат да го променат тоа со нова кампања.

Младите генерации пијат помалку алкохол од нивните родители, а ова влијае врз даноците од алкохолните пијалаци. Затоа, даночните власти отвориле натпревар за да соберат идеи за да се смени трендот.

Кампањата наречена „Саке вива!“ треба да создаде план со кој пиењето ќе стане попривлечно за младите, со цел да се развие таа индустрија.

Во рамките на кампањата сите жители на возраст од 20 до 39 години може да ги споделат своите бизнис-идеи за зголемување на побарувачката за алкохол од нивните врсници.

Според јапонските медиуми, реакцијата на жителите на оваа кампања е разновидна, додека некои ја критикуваат, други веќе објавиле идеи. Натпреварот за идеи трае до крајот на септември, а најдобрите идеи ќе бидат претставени во ноември.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот