X
 18.09.2018 Технологија

Зошто „ајфон XS Мах“ е толку скап?

Кога „Епл“ на 12 септември ги претстави новите модели на ајфон, многу фанови за брзо време укажаа на фактот дека тоа се најскапите телефони на „Епл“ досега.

„Ајфон ХЅ Мах“ со максимален 512 гигабајти простор за складирање на податоците чини над 1.400 евра, а во одредени земји значително повеќе.

Сега, директорот на компанијата, Тим Кук, одлучи да објасни зошто телефонот има толку висока цена. Тој напомена дека производите на „Епл“ се наменети за пазарниот сегмент чии купувачи се подготвени да одделат повеќе пари за уреди.

1
Фото: АР


- Отсекогаш мислевме дека ако на луѓето им дадете многу иновации и вредност, постојат такви што се подготвени тоа добро да го платат. За нас, тоа е доволно голема група на луѓе за да можеме да водиме разумен бизнис со разумна заработка - изјави тој.

- „Епл“ игра голема улога во животот на луѓето, а компанијата нуди и постари телефони, кои се поевтини. Многу работи што сте ги купувале сега може да се најдат во еден уред. Улогата на ајфоните сега е многу поголема во животот на луѓето. Сакаме да му служиме секому. Сфаќаме дека луѓето сакаат и бараат различни работи, како и дека постои одредена сума која се подготвени да ја платат - додаде тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија